Привршува обновата на патот од Старо Нагоричане до ГП Пелинце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во завршна фаза е обновата на патот од селото Старо Нагоричане до граничниот премин Пелинце, откако претходно до селото беше реконструиран дел од патот. Увид во градежните зафати на терен денеска извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Loading...

Патот од Старо Нагоричане до селото Пелинце поврзува околу 4.500 жители од повеќе села и истиот е целосно реконструиран, информираше денеска министерот Сугарески. Тој изрази задоволство од инвестицијата во овој регион, во кој последните 50 години не е чепнато ништо во делот на инфраструктурата.

– Сакам да го изразам своето задоволство, очекуваме од она што бевме информирани тука од изведувачите и од надзорите дека за неколку дена комплетно ќе биде рехабилитаран овој патен правец и се разбира ќе имаат бенефит граѓаните со тоа  што ќе можат да го користат, рече Сугарески.

Според министерот капиталните инвестиции во ресорот транспорт бележат 70 процентна реализација, односно рехабилитирани се над 500 километри патишта во година и половина, што го спореди со 650 километри за 11 години владеење на претходната гарнитура.

Loading...

До целосна реконструкција на овој патен правец остануваат само два километри, а вкупната должина е 15. Во изминатиот период во регионот како што рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, завршени се патните правци Куманово – Опае, Куманово – Никуштак, како и 42 километри од магистралата Куманово – Свети Николе.

Во следниот период, потенцираше Китанов, ќе се реконструираат и два моста во регионот на кумановско.

– Во моментов заврши тендерската постапка за т.н. Искрин мост каде што и тој оставен на забот на времето можеше да се гледа реката Пчиња, ама за жал не преку оградата туку директно од патот , значи и тоа ќе се санира, ќе се рехабилитира, исто така во тек е тендерот за мостот во Драгоманце кој што е оставен како рак рана, и тој отпочнува од пролет, а тендерот завршува сега и кога ќе дозволат временските услови во пролетта ќе може да се продолжи да се работи, изјави Китановски.

Доколку дозволат временските услови до крајот на годината ќе отпочне рехабилитација на патниот правец од Куманово до Страцин во должина од 30 километри, а од Ранковде до Крива Паланка градежните зафати се во тек. Целосно ќе се поправи магистралата Куманово – Крива Паланка со што ќе се поврзе со граничниот премин Деве Баир.

Loading...

Инаку патот до граничниот премин Пелинце е во должина од 14,9 километри и неговата рехабилитација граѓаните ги чини 1,5 милиони евра.

Прехотно двајцата остварија средба со градоначалничката на општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска вели дека, на која се разговарало за повеќе теми во областа на патната инфраструктура во општината, но и за водоводната мрежа во Младо Нагоричане.

– Правиме напори преку Министерството за транспорт и врски за капитален проект за водовод во Младо Нагоричане, каде се во тек бушотини на капацитетот на вода, ако се покажат веродостојни единици, да има доволен капацитет за тоа населено место, ќе продолжиме тој проект да го реализираме. Мостот кој го спомена директорот на јавното претпријатие за државни патишта во село Драгоманце е преодна рампа на целиот планински дел од Старо Нагоричане кој ја поврзува мегалитската опсерваторија Кокино. Се наоѓа во руинирана состојба, еднаш е поправуван, и сега ќе се реновира целосно, истакна Јовановска.

За следната година ќе се разгледа можноста за рехабилитација на патниот правец кон селото Кокино, односно мегалитската опсерваторија до која заинтересираните туристи пристигнуваат по пат кој е во очајна состојба.

Loading...

Leave a Reply