Што запленија цариниците на Табановце изминатите две недели? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани хируршки материјали, стакла за очила, леќи за очи, турбо пумпи, делови за разладни витрини, делови за товарни возила, облека и цигари, информираат од Царинската управа.

Loading...

Шест турбо пумпи „Ecolab engineering“ биле откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените приоизводи, пронајдени во две торби сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Вкупно 6 парчиња автоделови за патнички возила марка Мерцедес (прагови, предни и задни крила) биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со германски привремени таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените автоделови, пронајдени на задното седиште и во багажниот простор, се привремено задржани, а против овзачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Пет делови за разладни витрини (вентил, изменувач на топлина, блок филтер, контролер и жичано јадро), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Непријавените производи, пронајдени во багажникот под патните торби, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Вкупно 80 парчиња облека (фармерки, блузи, јакни и маици) и 6 пара патики, откриени при контрола на германско патничко комбе управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, пронајдени позади возачкото седиште и во просторот за багаж, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Leave a Reply