Дали би престојувале во хотел, доколку услов за тоа би бил камерите да ве снимаат додека сте во апартманот, а за возврат цената на ноќта е еден долар. Ова е токму она што го нуди еден сопственик на хотел во Јапонија.
Претходно оваа година, во Јужна Кореја избувна скандал, кога четири лица во голем број хотели тајно поставиле камери и ги снимале гостите. Ова е буквално понуда од јапонски хотел.
Сопственикот на хотел во Фукуока, Јапонија, им нуди на гостите престој од само 100 јени, но за возврат во живо да го пренесуваат нивниот престој во местото на Jутјуб каналот на хотелот, кој има 6.000 следбеници.
Гледачите на YouTube можат да коментираат во живо, па дури и да комуницираат со гостите.
Постојат одредени правила кои поставуваат јасни граници. Експлицитни акти, како што се секс и голотија, не се дозволени и вашите лични информации, како што се броеви на кредитни картички, не треба да бидат откриени.
Видеото кое се емитува на YouTube, според правилата, е само видео, без звук, така што гледачите не можат да слушнат за што зборуваат гостите.
Сепак, микрофонот може да биде вклучен, но одлуката е до гостинот.