СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р.(28) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...
На 16.07.2019 во селото Отља, општина Липково, полициски службеници при СВР Куманово извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Ова е само една во низата кривични пријави поради поседување марихуана поднесени од Секторот за внатрешни работи Куманово.