Клонирани суперкучиња во Кина, наменети за полицијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Научниците создадоа шест кутриња во Кина со клонирање, користејќи ДНК материјал на две одликувани полициски кучиња, со цел на полициската служба на располагање да и бидат моќни и интелигентни кучиња.

Loading...

Родени во Пекинг во август, тие веќе демонстрираат вештини што не можат да се очекуваат од животни на нивна возраст, соопшти полицијата од кинеската престолнина.

Ма Џинлеј, службеник за криминална полиција, откри дека главната цел на програмата е да се пренесат корисни карактеристики, меѓу кои скратеното време за обука.

Во програмата за клонирање на кучиња, полицијата во Пекинг соработуваше со приватната компанија за клонирање на миленичиња Синоген.

Во лабораторијата, овие компании тврдат дека го нашле клучот за масовно одгледување на супер силни и брзи кучиња, благодарение на новите технологии.

Кучињата донатори – Скијај и Ари, биле избрани поради докажаниот придонес во полицијата во Пекинг, се вели во соопштението на полицијата објавено на нивниот официјален профил на социјалните мрежи.

Донаторите, како што е забележано, имаат квалитети како што се извонредни вештини за душкање, исклучителна интелигенција и бестрашност.

Кученцата се викаат Кеконг, Кеченг, Кечи, Кехјуџ, Кекуџанг и Кекин. Дел од нивните имиња значат „лојалност“, „мудрост“, „иновација“.

Loading...

Тие изгледаат исто и имаат исти темперамент и способност.

Инаку, ова не е прв пат полициско куче да се клонира во Кина. Во март, заедно со ДНК-материјалот на седумгодишно куче и кинеско волчешко куче, како и сурогат мајка на расата на бигл, создаден е Кункун, исто така познат како „Шерлок Холмс меѓу полициските кучиња”.

Синоген е една од водечките компании во Кина за клонирање на кучиња.

Во декември, нивната лабораторија го клонираше познато куче Џус, кое исто така се појавува во кинески филмови и чии „дупликати“ ќе продолжат со работа кога веќе тој нема да може.

Leave a Reply