Кумановската болница доби два апарати од Министерството за здравство

Сподели со своите пријатели

Кумановската болница доби донација од Министерството за здравство, ендоскопски столб и видео ларингоскоп, соопштија денеска, надлежните од општа болница Куманово.

Loading...

Двата апарати, информираше директорката на установата, Снежана Захариева, значително ќе влијаат на подобрување на квалитетот и ефикасност на  услугите што ги нуди болницата за пациентите од Куманово.

Видео ларингоскопот е наменет за одделот за анестезија и реанимација, појасни Захариева, лекарите ќе го користат за обезбедување на дишен пат кај пациенти под општа анестезија и кај животозагрозувачки пациенти. Кумановската болница,  веќе имала ендоскопски столб кој најчесто го користеле за лапароскопски операции на жочно ќесе, за гинеколошки лапароскопоски интервенции, за артоскопски интервенции кај пациенти на ортопедија

-Новиот столб е софистициран, со подобра и попрецизна визуелизација. Наша придобивка е што истовремено во две операциони сали ќе можат да се вршат лапароскопски операции, наместо да се чека и еден апарат да се пренесува од една во друга операциона сала-изјави Захариева.

Општата болница Куманово обезбедува услуги за приближно 200.000 пациенти од општините и населените места од североисточниот регион.

Leave a Reply