Лекар спаси живот на патник во авион така што исцицал литар урин од него (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Храбриот кинески доктор покажа што значи да се испочитува Хипократската заклетва кога го спаси животот на еден постар патник со цицање 800 милилитри урина од неговиот мочниот меур за да спречи пукање на тој орган.

Loading...

Според ladbible.com, сето тоа се случило за време на летот на Гуангжу-Њујорк во авионот на компанијата China Sadern Airways.

Шест часа пред да слета, еден од патниците рекол  дека не се чувствува добро. Го облеал студен пот и се пожали дека не може да мокри.

Екипажот на авионот ги прашал патниците дали некој е лекар и во тој момент д-р Жанг Хонг кренал рака.

– Стомакот му беше надуен, не можеше да мирува и многу се потеше. Неговото семејство ми рече дека има зголемена простата, па веднаш се посомневав дека предизвикува задржување на урината – рекол д-р Жанг.

Тогаш сфатил дека пациентот мора да се ослободи од урината или ќе му пукне мочниот меур.

Со оглед на тоа што ги немал потребните инструменти, д-р Жанг направил импровизиран катетар од пластично цевче и ја исцицал урината. Притоа, тој го спасил животот на несреќниот човек, но исто така заслужил да биде наречен херој.

Leave a Reply