На регионалниот пат Куманово – Скопје, кај селото Никуштак, вчера околу 16:20 часот патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(56) од Куманово, удрило во пешакот Е.И.(80) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.