Модната индустрија отсекогаш била опседната со сè што е младо и ново, а овој проблем станува сè поизразен секоја година.
Loading...
Трендот на младешки изглед како да зема толкав замав што многу жени одат под нож за да постигнат таков изглед.
Кога некој ќе се појави надвор од сите калапи, тоа е вистинско освежување. Тогаш не е ни чудо што Лин Слејтер (65) стана омилена на Инстаграм.
Потребна е многу храброст да се спротивставиме на модните трендови и наметнатите правила, а оваа жена дефинитивно ја има.
Таа ги користи социјалните мрежи за да ја изрази својата креативност и ја придружува секој ден со нова фотографија и нов стајлинг.