9 работи што не треба да ги подарувате за слави и родендени

Сподели со своите пријатели

Сезоната на слави веќе започна, а наскоро доаѓаат празниците, па луѓето размислуваат за тоа што ќе им подарат на оние што ги сакаат за овие прилики.

Loading...

Не ги подарувајте овие девет работи за слави и родендени! Бидејќи дарувате несреќа!

Кога излегувате да купувате подароци за најблиските, запомнете дека има работи за кои се верува дека не треба да ги давате затоа што тие привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној што им го давате!

1. Остри предмети

Ножици, ножеви и други остри предмети како магнет привлекуваат негативна енергија. Можете да ги купите за себе, но како подарок на другите, сепак не.

2. Огледало

Се верува дека магијата е заробена во огледала и дека тие не треба да се купуваат како подарок. Наводно, подарените огледала му носат проблеми во животот на оној што ги добива.

3. Медицински помагала

Loading...

Мерачи, масажери и домашни терапии не треба да се купуваат или прифаќаат како подароци, за кои се верува дека го влошуваат вашето здравје.

4. Садови

Ако сакате да му дадете на некого шерпа или шолји, во секоја ставете по една паричка. Празни садови носат сиромаштија.

Image by Michael Schwarzenberger from Pixabay

5. Часовник

Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето часовник како подарок значи да се започне одбројувањето до смртта. Тие исто така веруваат дека подарениот часовник предизвикува прекин во врската или оддалечување.

6. Паричник

Loading...

Како и со садовите, паричникот не се подарува празен. Ако подарите празен паричник, привлекувате сиромаштија или губење паричник, пари, скапоцености …

7. Бисери

Бисерите за подароци се верува дека носат болест и загуба во домот. Бисерите се симбол на солзите на сираците и вдовиците, поради што се појавило верувањето за подарувањето на бисерите.

8. Марама или шал

Тие внесуваат проблеми и лоши луѓе во животот на оној што го прима овој подарок.

9. Внимателно со книгите

Можете да им ги подарите на пријателите и роднините, но не и на сопругата. Се верува дека овој подарок во брак може да привлече неверство.

Без разлика дали сте суеверни или не, кога купувате подарок за сакаата личност, запомнете едно – она ​​што е дадено од чисто срце и љубов не може да носи несреќа со вас!

Loading...

Leave a Reply