Деца во езеро „уловиле“ бомби од Втората светска војна

Сподели со своите пријатели

Три деца во Источна Германија фатиле ‘рѓосани бомби и куршуми од езерцето користејќи силен магнет.

Loading...

За среќа, децата не се повредени, а кога го виделе она што го откриле, веднаш повикале полиција во блискиот град Охрдрф.

Полицијата го оградила подрачјето, така што експертите за експлозиви можат да ја извршат својата улога.

Сè уште не е познато како муницијата завршила во езерото, но неексплодирани бомби од Втората светска војна редовно се наоѓаат во Германија, поради што често се прават евакуации на населени места.

Заостанати и неексплодирани бомби се наоѓаат низ цела Германија, најчесто од интензивното бомбардирање на сојузниците.

Leave a Reply