ДЕРБИ: ЖРК Куманово го пречекува Металург

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово се подготвени за вистинско дерби соочување со најголемиот ривал, тимот на ЖРК Металург кој утре го пречекува на свој терен.

Loading...

Двата тима имаат извонредни резултати како во изминатата, така и во оваа сезона, па е тешко да се прогнозира исходот од утрешниот меч.

Го делат првото место на табелата по деветте одиграни кола, а јубилејното ќе одлучи дали кумановки ќе останат да доминираат.

Мечот се игра утре со почеток во 18:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Од управата на тимот кој оваа недела се закити со Ноемвриска награда како највисоко општинско признание за особен успех, ги повикуваат љубителите на спортот да им ја пружат сета поддршка од трибините.

Leave a Reply