Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во западните делови и значителна облачност.
Loading...
По одделни котлини со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
За време на викендот ќе преовладува умерено до значително облачно време, по котлините магливо.
Под влијание на влажни бранови од понеделник до среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни.

Во Куманово во текот на викендот ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утре максималните температури ќе достигнат 16, а во недела 17 степени целзиусови.
Дожд во кумановско и околината се очекува во вторник.
Loading...
