Градови со најчист воздух во светот: Тука живеат најздравите луѓе!

Сподели со своите пријатели

И додека последните денови се зборуваше за големо загадување на воздухот кај нас, во некои делови на светот воздухот е толку чист што се смета за вистински мелем за белите дробови и целокупното здравје.

Loading...

Хонолулу, Хаваи

Островот Хаваи воопшто, и градот Хонолулу, особено, се смета за една од најчистите воздушни области во САД, како и низ целиот свет.

Експертите веруваат дека за тоа се заслужни ветровите што дуваат таму и сите лоши честички ги носат кон морето. Дали многу чистиот воздух е причината зошто Хаваи се наоѓа на списокот на држави со најмалку срцеви удари годишно?

https://www.instagram.com/p/B4w2GS6DFpT/?utm_source=ig_embed

Цирих, Швајцарија

Друг многу чист град, кој воведе строги техники за управување со отпад. Жителите претежно се одлучуваат за возење велосипед, а што се однесува до транспортот, тие користат возови, автобуси и метрото.

Малкумина избираат да возат автомобил, што го направи Цирих еден од градовите со најчист воздух.

https://www.instagram.com/p/B4sSE9_BlfO/?utm_source=ig_embed

Аделаид, Австралија

Loading...

Овој град повеќе пати беше прогласен за еден од најчистите во светот, но и рангиран високо на списокот со најдобрите места за живеење.

https://www.instagram.com/p/BtMiHpbFily/?utm_source=ig_embed

Калгари, Канада

Тој го заработи своето место на списокот на најчисти градови, веројатно со неговиот пристап кон отстранување и управување со отпад.

Нивната кампања „премногу добро да биде отпад“ значително го намали количеството ѓубре што завршуваат на полињата.

Сортирањето на компостот и рециклирањето на различни материјали драстично го намалија загадувањето во Калгари.

https://www.instagram.com/p/Bu5I4H0hP4i/?utm_source=ig_embed

Хелсинки, Финска

Овој град е една од најчистите престолнини во светот. Една од главните причини за тоа е што граѓаните најчесто избираат да патуваат со велосипед.

Верувале или не, Хелсинки има повеќе од 3.800 километри велосипедски патеки.

Loading...
https://www.instagram.com/p/B0kobaYhumg/?utm_source=ig_embed

Рејкјавик, Исланд

Тој е еден од петте најчисти градови во светот. Градот е целосно посветен на користење на алтернативни извори на енергија – околу 90 проценти од градот се загрева и се снабдува со електрична енергија преку геотермална енергија.

https://www.instagram.com/p/B1wdDDAotPU/?utm_source=ig_embed

Хамбург, Германија

Светски лидер во зелените енергетски концепти. Хамбург е добар пример за тоа како можат да функционираат овие стратегии – целта е да се намалат емисиите за 40 проценти до 2020 година и за дури 80 проценти до 2050 година.

https://www.instagram.com/p/ByarcR_IOt1/?utm_source=ig_embed

Велингтон, Нов Зеланд

Релативно ниската популација и специфичната географска локација го прават главниот град на Нов Зеланд полн со свеж, чист воздух, со тоа што граѓаните дополнително придонесуваат за чистотата на целиот град.

https://www.instagram.com/p/B4wu_YlIIty/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply