Повторно работи граничниот премин меѓу Шпанија и Франција

Сподели со своите пријатели

Граничниот премин меѓу Шпанија и Франција беше деблокиран откако полицијата интервенираше по 30-часовна блокада.

Loading...

Возилата сега го преминуваат автопатот без прекини. Преминувањето беше блокирано од застапниците за независност на Каталонија.

Демонстрантите вечерва најавија нов протест, па можни се нови блокади на автопатот АП-7 што ги поврзува Шпанија и Франција.

Неколку стотици останаа околу преминот Ла Жонкуера, при што шпанската каталонска регионална полиција стоеше до нив.

Во еден момент, кон насобраните демонстрантите тргна камион кои насобраните луѓе го гаѓаа.

Планираниот тридневен протест започна во понеделникот, во организација на тајната активистичка група наречена Демократско цунами, која организираше многу протести, некои од нив насилни, откако десетина водачи на движењето за независноста на Каталонија беа осудени минатиот месец.

Leave a Reply