Палестинска ракета експлодираше на автопат во Израел

Сподели со своите пријатели

Видеата што излегоа на социјалните мрежи го прикажуваат моментот на експлозија на ракета на прометен пат во Израел.

Loading...

Надзорните камери го фатија моментот кога ракетата падна во патот во близина на семафорот.

Истата експлозија беше снимена од камера во автобус што запрел во тој момент на црвено светло.

Палестинските сили на отпорот испукаа неколку ракети кон Израел, откако еден од командантите на исламскиот џихад беше убиен во напад на израелските воздушни сили утрово.

Израелската армија пресретнати повеќе од 50 ракети истрелани од Газа во правец на Израел, соопшти портпаролот на армијата.

Израелските медиуми објавија дека четворица се повредени во нападите кога паднала ракета на местото на Јавен во централниот дел на Израел.

Палестинската организација Исламски џихад објави дека 42-годишниот Баха Абу ал-Ата и неговата сопруга биле убиени во нападот на Израел.

Палестинската група соопшти дека во посебен напад, Израел нападнал друг нејзин лидер во неговиот дом во сириската престолнина Дамаск.

Loading...

Leave a Reply