3,9 милијарди евра Буџетот за 2020 година

Сподели со своите пријатели

Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година ќе изнесува 239 милијарди и 700 милиони денари или 3,9 милијарди евра.

Loading...

Станува збор за покачување од пет отсто во споредба со минатогодишниот буџет.

Денеска во Владата го претстави министерката за финансии Нина Ангеловска, која рече дека пирходите ќе изнесуваат 3,6 милијарди евра, што е за 5,6 отсто повеќе од оваа година. Проектираниот дефицит е 2,3 отсто од БДП.

– Како земја, сме исправени пред најголемиот предизвик: како да ги задржиме нашите граѓани во земјата, како да им понудиме подобри услови и да ги направиме посреќни и помотивирани на нивните работни места? Иако не сме единствена земја во оваа ситуација и со ваквиот предизвик се соочуваат и земјите од регионот, сепак, со измерен индекс на човечки капитал (Human Capital Index, кој го пресметува Светска Банка) од 0.53, свесни сме дека заостануваме дури и зад нашите соседи. Индексот од 0,53 значи дека, секој млад човек, кој се раѓа, живее и се едуцира во нашата земја има услови за да испорача само 53% од својот потенцијал, односно од целосниот потенцијал што го има млад човек кој се развива во здрава средина со квалитетно образование и услови за живот, рече Ангеловска.

Најголеми ставки во буџетот ќе издвојат за социјална заштита 88 милијарди денари, за здравството 38 милијарди, а за образованието 28 милијарди денари.

Leave a Reply