Талкал низ трговски центар, останал заробен на пожарникарски скали, умирал цели 7 дена

Сподели со своите пријатели

Пожарниакрските скали во еден од најпосетуваните трговски центри во Австралија се претвориле во бетонска гробница за седумдесетгодишен маж, кој случајно заталкал таму и веќе не можел да излезе.

Loading...

Очајното семејство видело видео на кое се гледа како Бернард Гор, ака Буч, излегувајќи од огромното скалило на 6 јануари 2017 година во Трговскиот центар Сиднеј Вестфилд Бондај Џанкшн, каде што бил пронајден мртов три недели подоцна.

Неговата ќерка, Мелинда, плачела кога ги виде последните снимки од животот на нејзиниот татко, а симките се дел од истрагата за смртта. Асистентот на истражниот судија во Нов Јужен Велс, Ана Мичел изјави дека нема други снимки за да се открие што се случило после тоа.

Стотици илјади луѓе минале низ трговскиот центар додека Гор бил заробен во него и слушале гласови како оделе по скалите.

Судска анализа покажа дека тој починал најмалку една недела или две пред да се најде неговото тело, што значи дека тој полека умирал повеќе од една недела.

Гор, кој го викале Буч, живее во Тасманија и поминал неколку недели во Сиднеј со својата ќерка.

Снимките снимени од надзорната камера покажуваат дека околу 12,50 часот влегол низ вратата што доведува до противпожарните скали. Вратата не може да се отвори одвнатре и иако има излез преку ходникот од приземјето, Гор не го нашол, што не е невообичаено, бидејќи во трговскиот центар има лавиринт од противпожарни скали долги околу 14 километри.

Кога конечно го пронашле, Бернард Гор лежел во „полу-клекната позиција“.

Loading...

„Тој веројатно седел на столчето пронајдено веднаш до неговото тело за да се преврти во одреден момент“, изјави Мичел.

Со недели семејството го бараше Гор, а службениците во трговскиот центар беа соочени со прашања како е можно да не го прнашле толку долго, во време кога температурите биле над 40.

Снимките од трговскиот центар, направени од полицијата, покажуваат дека вратата во подножјето на скалите никогаш не била отворена иако веќе три недели го барале.

Гор земал лекови против хипертензија и имал лесна заборавност во моментот на неговата смрт и веќе еднаш исчезнал во Хобарт, Тасманија, но неколку пати успешно пристигнувал до трговскиот центар во Сиднеј и имал јасно дефиниран дневен распоред.

На снимките се гледа како Гор влегува во трговскиот центар, минувајќи низ него, како и моментот кога паузирал и се свртел кон противпожарните скали, кои никогаш не биле проверени за време на потрагата по него.

Leave a Reply