Директор остана без платата од 21 милион долари, бидејќи започнал врска со работничка

Сподели со своите пријатели

Стив Истербрук (52) беше отпуштен од ланецот ресторани за брза храна затоа што започнал врска со колешка, спротивно на правилата на компанијата. Ова се случило кога компанијата се бори да преживее на домашниот пазар.

Loading...

Генералниот директор на Мекдоналдс, Стив Истербрук (52), беше отпуштен од работа во неделата поради влегол во врска со својата колешка, спротивно на куќната политика.

Ненадејниот потег доаѓа во време кога популарниот ланец на ресторани за брза храна се бори да преживее на домашниот пазар и се соочува со бунт од страна на сопствениците на американски франшизи.

Истербрук, кој е на чело на Мекдоналдс од 2015 година, беше отпуштен откако внатрешната контрола на компанијата ја истражувала неговата афера со неименувана колешка.

Откриено било дека ги крши правилата на компанијата, што строго ги забрануваат односите со вработените, Управниот одбор во петокот гласаше да го отстранат од фирмата.

– На Одборот на директори му беше укажано за емотивната поврзаност на Истербрук со колешката, проследена со темелна истрага. Потоа, одборот реагираше многу брзо – според изјавата на администрацијата на Мекдоналдс, која не сакаше да открие повеќе детали.

Дури и Истербрук не сакаше да даде детали, или да открие со кого бил во врска. Тој само им се заблагодари на вработените за нивната соработка.

– Направив грешка. Со оглед на стандардните вредности на компанијата, се согласувам со одборот на директори дека е време да продолжиме понатаму – рече Истербрук, кој инаку е разведен.

Loading...

Промената на главниот човек на Мекдоналдс, според американските медиуми, се случи во многу тешко време за компанијата.

Додека Истербрук беше на чело, вредностите на берзата скоро се удвоија, но бизнисот во САД опадна, каде компанијата има најмногу ресторани – дури 14.000.

Фирмата се бори со големи промени во прехранбената индустрија, што се случуваат на сите нивоа – од производителите на месо до супермаркетите. Исто така, клиентите сè повеќе се одлучуваат за поздрави навики во исхраната, а големите компании се принудени да трошат пари за технолошки напредок и да инвестираат во испораки.

– Истербрук, како шеф на Мекдоналдс, инвестираше во нови видови хамбургери и реновирање на ресторани за да се одржи чекор со промените, но заради тоа профитот беше помал. На него му се спротивставија и сопствениците на франшизите во САД, кои ја отфрлија иновацијата. Тие не сакаа да инвестираат во машини за дигитална нарачка и одбија ново мени. Минатата година сопствениците на франшизата дури формираа независно здружение за да се спротивстават на некои од измените на Истербрук, пишува „Вол Стрит Журнал“.

Според весникот, најголем проблем за Мекдоналдс во САД е тоа што синдикатите, дури и некои политичари во Конгресот, ја повикале компанијата да одговори на бројните обвинувања за вознемирување на работното место и да ги крене минималните сатници на 15 американски долари.

Поради овие притисоци, компанијата годинава објави дека ќе престане да лобира против покачување на минималната плата и ќе им овозможи на вработените да се приклучат на работни организации.

Новиот генерален директор на Мекдоналдс веднаш беше именуван, а тоа е Крис Кемпчински (51), кој беше надлежен за САД. Тој изјави дека ќе продолжи со реформите во духот на Истбрук.

– Нема да има радикална промена во стратегијата. Имам намера да ги слушам клиентите, како и досега, и ќе се посветам на решавање на проблемите со франшизите – рече Кемпчински.

Loading...

Од друга страна, франшизите ширум светот работат многу добро. Истербрук овозможи секоја земја да има свое специфично мени во зависност од климата и навиките на жителите.

– Мекдоналдс има 37.855 ресторани во 120 земји. Сите тие прифатија дигитализација и успешно спроведоа реформи за разлика од САД, и сè уште остваруваат раст на профитот – проценува американскиот печат.

Leave a Reply