Бобан Бојковски нов претседател на ЛДП Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Либерално-демократската партија од Куманово вчера го одржа своето седмо Собрание, на кое беше избрано новото раководство на партијата, на чело со Бобан Бојковски.

Loading...

Како што информираат денеска од партијата, на Собранието свое обраќање имал претседателот на партијата и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, по што биле усвоени извештаите за работата на Општинскиот и Надзорниот одбор во изминатиот четиригодишен период.

– Беше избран и новиот состав на Општинскиот одбор со вкупно 37 членови и новиот состав на Надзорниот одбор кој е составен од 3 членови. Веднаш по завршувањето на Собранието, се одржа 1-та конститутивна седница на новоизбраниот Општински одбор на која за нов претседател на Општинскиот одбор на ОО на ЛДП – Куманово едногласно беше избран досегашниот потпретседател, Бобан Бојковски, информираат од ОО ЛДП Куманово.

Бојковски едногласно ја добил поддршката од своите сопартијци.

Leave a Reply