Голем број настани по повод 500 години Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Голем број културни и спортски настани и јавни собири ќе бидат организирани во текот на т.н. „Ноемвриски денови“ по повод одбележување на 500 години од постоењето и 75 години од ослободувањето на Куманово.

Loading...

Вие го направивте Куманово и заслужувате заедно сите да го прославиме овој јубилеј, рече градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес конференција на која беше претставена официјалната програма.

– Да го прославиме овој голем јубилеј кој само дополнително ќе даде поткрепа на сето она што досега беше работено и ќе мотивира да се продолжи понатаму со единствена цел да направиме еден модерен, урбан, проевропски град, како што доликува на најголемата општина во нашата држава. Сме поминале многу убави моменти во досегашната наша историја, Куманово е еден мултикултурен центар и треба да продолжиме во рамки на добриот соживот да го градиме Куманово во еден модерен центар, рече Димитриевски.

Куманово, како што рече тој, остава траен белег не само во македонската, туку и во историјата на Балканот, како центар на кој се случиле големи историски настани.

– Во рамки на одбележувањето на овие празнични денови, сакам да ве информирам дека веќе отпочнавме со поголем број на манифестации, почнувајќи од 1-ви ноември, каде што заедно со нашите пензионери направивме манифестација „Пензионерите за својот град“, ни следат на 8-ми 9-ти и 10-ти ноември во вечерните часови три мега концерти на кои што водевме сметка да се запази и мултиетничкиот карактер на Куманово и мултиетничкото општество кое што сите ние го негуваме целиот овој историски период, посочи кумановскиот градоначалник.

Токму од петок до недела угостителските објекти, со одлуката на Советот, ќе можат да работат дополнителни два часа, за да граѓаните уживаат во прославата на петвековниот роденден на градот.

Loading...

– Воедно сакам да ве информирам дека во рамките на одбележувањето на градот ќе имаме голем број на делегации од странство како и делегации од државата претставници од законодавната, извршната, судската власт. Треба да се покажеме како добри домаќини. Не се сомневам во тоа, бидејќи тоа ни е во генот на секој кумановец, вели Димитриевски.

На 10ти ноември Општина Куманово и градот Нови Сад ќе потпишат и меморандум за збратимување,

Тој им се заблагодари на спонзорите и општествено одговорните компании и физички лица со чии донации и логистика ќе се организира огромна манифестација со скромни средства.

Како што истакна раководителот на Секторот за култура Цоки Ристовски, согласно годишната програма за оваа намена се предвидени 700.000 денари, дополнително со средствата обезбедени од приватните претпријатија.

Според директорот на Фондацијата за култура и спорт Нино Величковски, ќе има триесетина настани во текот на овој месец.

– Фондацијата за култура и спорт во делот на организација и средствата што се од бизнис секторот успева со голема поддршка и на градоначланикот и на луѓето од Советот секој на својот начин да анимираат свои фирми, се работи за околу 3 и пол милиони денари средства кои пристигаат и до крајот на оваа недела ќе се затвори овој дел за да ја реализираме целта оваа програма, рече Величковски на денешната прес конференција.

Loading...

По трите дена забава на градскиот плоштад, во понеделник од 10 часот на Спомен Костурница ќе се положи свежо цвеќе, а еден час подоцна во Центарот за култура Советот на Општина Куманово ќе одржи свечена седница.

– Сакам да ги поканам сите граѓани масовно на 11-ти ноември во 10 часот да ни се придружат на Спомен Костурница да им одадеме признание на сите оние кои ги дадоа своите животи за она што ние денеска го имаме и во нивна чест да положиме свежо цвеќе додека на 11-ти ноември во 12 часот, ќе се одржи свечената седница во Центарот за култура имаме многу најавени гости како од странство така и од нашата држава а воедно и други поканети лица, и верувам дека сето ова ќе заврши во најдобар тек со единствена цел да оставиме длабока трага се родивме во овој период, ја имаат таа чест како граѓани, и токму овој период да е додека ние дејствуваме и функционираме, сите ние даваме придонес нашиот град да личи на тоа што е денеска и верувам дека во идинина ќе дадеме многу повеќе за да го трансфорираме во суштински град, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Ноемвриските денови ќе завршат на 29ти ноември кога традиционално ќе се возобнови кумановската „Гитаријада“.

Leave a Reply