Облачно со услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Времето изутринава беше променливо облачно со локален дожд во западните делови. Дуваше умерен до засилен ветер од југоисточен правец, кој во Штип и Пелагонија достигнуваше брзина над 70 км/ч, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално 20л/м 2 ).

Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Leave a Reply