Една жена е пронајдена мртва со питон околу вратот во еден дом во Индијана, каде имало терариум од околу 140 змии, соопшти денес локалната полиција.
Loading...
Телото на Лоре Херст (36) е пронајдено пред два дена во ненаселена куќа во американскиот град Оксфорд со питон од 2,4 метри, завиткан околу нејзиниот врат, соопшти полицијата.
Лекарите неуспешно се обидеке да ја оживеат. Обдукција подоцна утврдила дека Лора Херст починала од ефектите на задушување.
Куќата, која му припаѓа на началникот на локалната полиција, служела како терариум за околу 140 змии, од кои околу 20 припаѓале на Лори Херст.
Локалните медиуми објавија дека нејзината смрт е „трагична несреќа“.