Зошто секој викенд би требало да биде продолжен?

Сподели со своите пријатели

Продолжените викенди се вистинско уживање за сите, а освен дружење со пријателите, времето луѓето го минуваат со блиските далеку од градската врева.

Loading...

Одењето на излет во природа ќе ви ги наполни батериите. Но, тоа е само една причина зошто секој викенд би трбеало да биде продолжен.

Задоволни работници

Планирањето на кратки одмори во текот на годината на секој работник му ги олеснува работниците денови и ги прави попродуктивни и посреќни. Оние кои почесто користат одмори од 4-5 дена се чувствуваат подобро и се поздрави, покажале резултатите од истражувањето објавени во списанието „Stress and Health“. И додека оние кои по долгото време заминуваат на годишен одмор и се враќаат со поприличен стрес поради тоа што треба да продолжат сор абота, лицата кои почесто користат продолжени викенди од таквите патувања на работа се враќаат посмирени и поопуштени.

Добро е за здравјето

Луѓето кои работат прекувремено, односно, оние кои работат 55 часа неделно или повеќе, имаат 33% поголем ризик за мозочен удар и 13% поголем ризик од срцеви болести во однос на оние кои работат 40 часа неделно.

Image by rawpixel from Pixabay

Loading...

Препораката е викендите да не се минуваат во завршување на задачите кои ви останале од неделата зад вас, туку тоа време да го искористите само за себе.

Квалитетниот одмор за време на викендот, без проверувања на службените мејлови, освен што ќе ви ги намали здравствените ризици, ќе ви овозможи опуштени и одморени да започнете со работа и побрзо и поквалитетно да го завршите она што не сте и да се впуштите во нови предизвици. Ако работата ја пренесувате и во викендот, а потоа продолжувате со исто темпо во текот на неделата, помалку сте продуктивни, помалку креативни, а за заморот и незадоволството не треба да се зборува.

Добробит и за учениците и за студентите

Скратената работна недела не само што е корисна за работниците, туку и за учениците и студентите.

Истражувањето покажало дека децата во четиридневна школска седмица имаат повеќе успех на подрачјето на математиката во однос на децата кои во училишните клупи седат пет дена неделно.

Тоа истражување било спроведено на Универзитетот Монтана, а резултатите се објавени во списанието „Education, Finance and Policy“.

Leave a Reply