Драма во воз: 310 години стара виолина изгубил во купе

Сподели со своите пријатели

Британски виолинист заборавил 310 години стара виолина во возот, јави Би-Би-Си.

Loading...

Стивен Морис минатата недела се симнал од возот и подоцна сфатил дека ја заборавил виолината, една од неколкуте виолини направени од мајсторот Дејвид Течлер во 1709 година.

„Пострашно е да ја изгубам, а освен нејзината вредност, тоа е како да ми ја отсечете раката“, додава Морис.

Морис патувал со воз од Лондон до Орпингтон во четвртокот навечер и се симнал на станицата Пинг Ист и продолжил со својот велосипед, но без инструментот.

Загубената виолина се проценува дека вреди околу 250.000 фунти. Според Би-Би-Си, Морис ја пријавил загубата на виолината во британската полиција.

Инструментот што го поседува од 2003 година неодамна бил обновен.

Морис требало да го искористи инструментот на два концерта минатиот викенд со Кралската филхармонија и Андре Бочели.

Наместо скапоцена виолина, тој морал да ја користи виолината на неговата сопруга Сара Секстон, која исто така е виолинист.

Loading...

Морис учествувал во снимањето музика за „Господарот на прстените“ и „Џејмс Бонд“, и бил и придружба на  Дејвид Боуви.

Leave a Reply