Нови садници во централното градско подрачјe

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило” заедно со Општина Куманово денеска засадија уште 10 листопадни дрвца, на локацијата кај Уред.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски зеде учество во акцијата за разубавување на градот, а воедно овие 10 нови садници се замена за двете стари кои беа отстранети од истата локација поради проширување на улицата.

До крајот на оваа година ќе бидат засадени 800 садници, а за целата година вкупно 8.000 дрвца.

Целта е раззеленување на градот, дишење почист воздух и намалување на загадувањето во Куманово.

Leave a Reply