Кумановските пожарникари вчера бележат четири интервенции на пожари на отворено, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Стрниште горело во атарот на селото Ваксинце, каде тројца пожарникари интервенирале во период од 13:30 до 14:40 часот.
Сува трева горела во селото Романовце, каде пожарникарите интеревнирале од 15:25 до 17:20 часот.
Во селото Четирце горела сува трева, а притоа се запалил и еден столб за електрична енергија кај поранешниот воен магацин. Таму било интервенирано во период од 17:45 до 21:40 часот.
Во селото Горно Којнаре било интервенирано на запалена сува трева во период од 18:20 до 20:40 часот.