Тргнал на последната хемотерапија, освоил 200.000 долари на лотарија

Сподели со своите пријатели

Рони Фостер од Северна Каролина, бил на патот кон болницата за последната хемотерапија, кога дознал дека освоил 200 000 долари во лотаријата.

Loading...

Фостер, кој живее во Пинк Хил, рекол дека прво купил билет за еден долар и освоил пет.

МРАЧНИТЕ ТАЈНИ НА ЛОТАРИЈАТА: Ова не сакаат да го знаете

Тој решил во последната минута да купи уште два билети за петте долари. Тој го изгребал првиот – ништо. Но, кога го изгребал вториот, го очекувало големо изненадување.

– Ги видов сите тие нули и се замрзнав. Не верував во тоа сè додека не му ја дадов на скенирање на службеникот за лотарија. Кога се покажа дека треба да одам во централата на лотаријата, почнав да се тресам. Не можев да верувам “, рекол тој.

Фостер, пензиониран работник во Одделот за транспорт, се бори против ракот на дебелото црево и е на самиот крај на хемотерапијата. Победата на лотаријата дошла како шлаг на тортата.

Милионер на неколку минути поради грешка на швајцарската лотарија (ВИДЕО)

„Веќе бев среќен затоа што ова ми беше последната рунда на терапија, а освојувањето на лотаријата го направи мојот ден уште посреќен“, истакнува Фостер.

Loading...

Иако има медицинско осигурување, тој ќе искористи дел од профитот за да ги исплати трошоците што не биле покриени, додека остатокот, како што вели, ќе биде заштеден за во иднина.

По данокот, Фостер останал со 141.501 американски долари, што ги однел дома во петокот.

Leave a Reply