Избегал од војска и сега снима геј филмови за возрасни, а тврди дека е стрејт (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Даниел МекГраин од Виган, чие порнографско име е Џорди Џексон, заработува до 1.000 фунти на ден работејќи во филмската индустрија за возрасни.

Loading...

Поранешниот британски војник поминал шест години во артилерија, а вели дека на крајот „пукнал“ и исчезнал без отсуство, служејќи осум месеци во воен затвор.

После тоа, тој започнал да работи како личен тренер и диџеј и додека ја вршел таа професија, имал и разговор кој го испратил во необична насока. Тој започнал да снима геј порно филмови, иако тврди дека ги сака жените.

https://www.instagram.com/p/B1vjW71Hv-o/?utm_source=ig_embed

Во новиот документарен филм на Канал 5, „Секс бизнис: Лулање и на двата начина“, Даниел објаснува како завршил пред камерите, но и зошто не планира да ја напушти индустријата.

– Бев во артилерија шест години. Така одлучив уште кога бев дете. Отсекогаш знаев дека одам во армијата – открива Даниел, но додава дека „армијата ги менува луѓето“.

– Возев од комбиња до големите тенкови и едвај спиев. Ти си првиот кој станува, а последниот кој заспива. Пукнав. Имавме две недели одмор, јас заминав и никогаш не се вратив. Бев дезертер една година “, рекол тој.

https://www.instagram.com/p/B1JF-X_nbNg/?utm_source=ig_embed

Даниел морал да издржи осум месеци затвор за дезертерство, по што добил работа во теретана како чистач. Потоа започнал да работи како личен тренер и диџеј, а една обична средба го однела во насока на индустријата за возрасни.

– Додека работев како диџеј, имав една обожавателка која работеше како доминатрикс. Таа ми раскажуваше за лик кој е целосно стрејт, но снима геј порно филмови – рекол тој.

Loading...
https://www.instagram.com/p/BuZBgBdBJ49/?utm_source=ig_embed

Мажот тогаш се јавил и му понудил 750 фунти за кратко снимање.

– Заработев 750 фунти и сакав повторно. Замислете ако имав едно снимање неделно, тоа е 750 фунти неделно!“ продолжува Даниел.

Потоа, Даниел решил да ја истражува самата индустрија и се пријавил за работа во „Lucas Entertainment“, каде прво имаl интервју nа „скајп“, а потоа добиl и тригодишен договор.

– Гледав и strejt порнографија, но нема пари таму, и има многу помалку конкуренција во геј порнографија. „Lucas Entertainment“ е најголемата компанија која прави геј филмови за возрасни. Има многу повеќе пари во геј порнографијата “, вели тој.

https://www.instagram.com/p/Bti4QqnhUFi/?utm_source=ig_embed

Неговата девојка Фреја, која била вклучена во документарецот, бели дека не е грижа ако луѓето сметаат дека нејзиниот партнер е геј затоа што ја знае вистината.

– Лажно е. Луѓето велат дека тој мора да биде малку геј. Кога се враќа од снимањето, не сака да разговара со никого кој има пенис. Ако тоа беа филмови со жени, тогаш ќе го привлекуваа луѓето со кои работи. Не постои таков ризик. Луѓето можат да седат дома мислејќи дека е геј, но тој не е – објасни Фреја што мисли за изборот во кариерата на своето момче.

https://www.instagram.com/p/B3nBPTmHUJO/?utm_source=ig_embed

– Луѓето надвор од индустријата мислат дека сум сигурно геј. Тие велат: „Изгледа дека уживаш“. И велам: „Благодарам, тоа значи дека сум добар актер“. Ако сум геј, зошто не би „излегол од плакарот“? – додава Даниел.

Даниел исто така објаснува зошто не сака да ја напушти порно индустријата.

Loading...

– Не сум академски паметен. Или ова или ќе работам во магацин затоа што немам квалификации. Имам квалификации за возење, но морам да заработам пари. Драго ми е што ја најдов порно индустријата, затоа што сега правам повеќе пари од кога било. Сега ги гледам придобивките, дури и не размислувам за тоа што треба да направам. Не сум тука за задоволство, без оглед што мисли некој. Во оваа професија сум затоа што е добро платена работа и такви пари нема да заработам легално никаде – вели тој.

Иако неговиот брат, кој е геј, како и неговите сестри знаат за неговата кариера, тој не е толку отворен со неговите родители.

– Мајка ми нема идеја дека снимам порно филмови. Таа знае дека се занимавам со некое геј манекенство, но никогаш не можев да ѝ кажам. Таа веројатно би се смеела, но не можам да ѝ го кажам тоа. Им реков на моите сестри, но мама и тато се различни – заклучува Даниел.

Leave a Reply