Втора победа за ЖРК Куманово во ВРХЛ лигата

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против тимот на ЖРК Зајечар од Србија во рамките на рамките на Женската регионална ракометна лига.

Loading...

Избраничките на тренерот Симе Симовски имаа одлично второ полувреме, во кое ја покажаа својата моќ над ракометарките од Србија, и ја запишаа втората победа со резултат 32:25, откако во првото полувреме се водеше израмнета борба, што го покажа и резултатот по првите триесет минути на паркетот, кога семафорот означи 14:14.

Леонида Гичевска со осум и Александра Боризовска со шест погодоци беа најефикасни во тимот на Куманово, а не изостанува ниту играта на Трајковиќ и Човекли кои бележат пет голови.

Во составот на ЖРК Зајечар, најефикасни беа Терзиќ со седум и Стамениќ со пет гола.

ЖРК Куманово моментлано е на второто место во својата група од Женската регионална лига, каде на прво место е Груде од Босна и Херцеговина, но со четири одиграни натпревари.

Leave a Reply