Руски научници платиле голема сметка за роаминг поради ,,GPS “ уред прикачен на орел

Сподели со своите пријатели

Руски научници од центарот за рехабилитација на дивиот свет во Новосибирск, кои ја следат миграцијата на орелот, ги потрошиле парите за проектот, откако некои птици од јужна Русија и Казахстан летале во Иран и Пакистан и нивните СМС-предаватели достигнале огромни сметки за роаминг.

Loading...

Слушајќи за големиот финансиски проблем на истражувачкиот тим, рускиот мобилен оператор Мегафон реши да им го прости долгот, и понуди посебна и поевтина тарифа за нивниот проект.

Научниците веќе започнаа кампања на социјалните мрежи за покривање на голем долг и успеаја да соберат околу 100.000 рубли (1.415 евра).

Особено скапо беше патувањето на степскиот орел Мин, кој полета од Казахстан кон Иран и успеа да го потроши целиот буџет наменет за сите орли.

Мин бил  надвор од опсегот на мобилната мрежа во Казахстан, но сите негови собрани пораки, а имало многу, биле испратени веднаш штом стигна до иранската територија.

Цената на СМС-пораките во Казахстан е околу 15 рубли, но од Иран таа цена се искачува до 49 рубли.

Координатите на птиците за време на нивната миграција се доставуваат преку СМС, а истражувачкиот тим потоа користи сателитски фотографии за да провери дали птиците пристигнале на безбедни места.

Најголемата закана за степските орли се далноводите.

Loading...

Споменатата руска екипа во моментот следи 13 орли.

Птиците се парат во Сибир и Казахстан и летаат во текот на зимата до јужна Азија.

Во Русија и Централна Азија, тие се регистрирани како загрозен вид.

Leave a Reply