Нови цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ

Сподели со своите пријатели

Беинзините ќе поевтинат, а цената на дизелот нема да се промени, ова е одлуката која денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Според новиот ценовник, малопродажбата цена на „Еуросупер БС-98“ ќе изнесува 68,5 денари, што е намалување за 1,5 денари по литар.

„Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена за 66,5 денари за литар, односно намалување од еден денар.

Цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети.

Дизелот ќе се продава за 62 денари по литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 50,5 денари за литар.

За 0,740 денари се намалува цената на мазутот М-1 НС, и ќе се продава по цена од 32,954 денари за килограм.

Leave a Reply