Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска прими голема плакета на Армијата на Република Северна Македонија за соработка и врвни постигнувања, како највисоко признание на надворешен субјект.

Плакетата му беше врачена од началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски на денешното одбележување на Денот на Здружента оперативна команда во кумановската касарна „Боро Менков“.

Ваквото признание доаѓа откако градоначалникот Димитриевски со своите заложби помогна во реконструкција на пистата во самиот воен објект, која доби нова асфалтна подлога.


