Две интервенции во изминатите 24 часа бележат кумановските пожарникари, информираат денескаод Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Првата интервенција била на улицата „Димче Еребица“ во населбата Бедиње, каде биле запалени буриња со масло. Во период од 13:15 до 13:45 часот на терен интервенирале петмина пожарникари.
Во атарот на селото Романовце, м.в. Мачкина Глава, четворица пожарникари гаснеле запалена сува трева во период од 18:15 до 19:15 часот.