Мицотакис ќе бара засилено присуство на НАТО во Егејското море

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Киријакос Микотакис денеска побара НАТО да ги засили патролите во Егејот, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ослободи повеќе од три милиони мигранти во Европа.

Loading...

По состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Мицотакис пред новинарите на самитот на Северноатлантската алијанса во декември изјави дека ќе ги замоли сојузниците да „го засилат присуството во Егејот со повеќе бродови“.

Тој се залагаше за „проширување на мисијата на НАТО на југот на Егејот за покривање на голем дел од поморските граници на Грција“.

Столтенберг вети дека ќе продолжи да бара од сојузниците „да го зголемат бројот на бродовите“, но исто така прецизира дека мандатот на патролите на НАТО е да „споделува информации наместо да запре бродови“ со мигрантите.

„Потребен е консензус за каква било промена на мандатот“, рече генералниот секретар на НАТО. Консензусот исто така бара согласност од Турција.

Грција е загрижена за заканите на турскиот претседател да „испрати 3,6 милиони мигранти“ во Европа, како одговор на европските критики за турската офанзива во северна Сирија.

Притисокот врз Грција постојано се зголемува откако таа земја стана прв влез во Европа за мигрантите за прв пат од 2016 година и договорот ЕУ-Турција за мигрантите оваа година.

До септември, повеќе од 10.000 мигранти пристигнале на грчките острови.

Loading...

Во Грција има околу 70.000 мигранти, од кои скоро 30.000 од нив на петте егејски острови во близина на Турција.

Столтенберг призна дека Грција е „на фронтот“ и има „многу повеќе да се направи“.

Leave a Reply