Вознемирен елен одеднаш пролетал низ прозорецот на фризерскиот салон во Лонг Ајленд и ги вознемири присутните.
Безбедносните камери на фризерскиот салон во ЊУјорк го снимиле хаосот што следеше кога вознемирен елен пролетал низ прозорецот, додека еден од посетителите се шишаше и една жена чекаше на софата крај прозорецот.
Еленот влетал низ прозорецот, ја прескокнал жената која седи на троседот и почнал да трча низ салонот.
Сопственикот на фризерницата постојано викал „О Боже мој, боже мој!“ Додека еленот конечно не пронашол излез и не истрчал од салонот.
Полицијата соопшти дека еден клиент имал повреда на ногата и главата и му е укажана помош во болницата.
Еленот направил мала штета затоа што, освен влезната врата и излогот на продавницата, најголемиот дел од инвентарот поминал без оштетување, а сопственикот нормално ја продолжил работата.