Ракометарите на Куманово викендов го забележаа првиот пораз од стартот на новата сезона во првата машка лига, откако на гостински терен со резултат 23:20 беа совладани од составот на Јуниор К.В.
Домашниот состав забележа и подобар почеток на натпреварот, што им донесе и резултатска предност на крајот на првиот дел од средбата која заврши со резултат 11:7.
Вториот дел од средбата кумановци иако се трудеа да ја стопат разликата, не им тргна од рака па го забележаа првиот пораз, по двете победи и еден нерешен натпревар од стартот на сезоната.
Најдобар во составот на РК Куманвоо беше Андреј Миладиновски со 7 гола, кој воедно беше и носител на играта на својот тим.
Во составот на домаќинот, со 8 поени поентер на мечот и најефикасен во Јуниор К.В. беше Кире Башевски.
Следниот натпревар РК Куманово го игра на домашен терен против составот на Алушовски.