Научниците направија вештачка крв која им одговара на сите луѓе

Сподели со своите пријатели

Тим јапонски научници направиле вештачка крв со црвени крвни клетки, кои транспортираат кислород и тромбоцити, кои предизвикуваат згрутчување кога ја сечеме или отвораме кожата.

Loading...

Тие се убедени дека нивниот пронајдок може да спаси животи на многу луѓе, кои обично умираат затоа што им е потребна крв веднаш.

Таквите пациенти прво треба да бидат однесени во болница каде ќе биде утврдена нивната крвна група.

Во Велика Британија, хеликоптерите на воздушна амбуланта носат резерва од 0 негативна крвна група, која се смета за „универзален“ тип бидејќи може да се даде на секој во итни случаи. За жал, тоа е и најретката крвна група, што значи дека потребите се многу поголеми од залихите.

Вештачката крв ја направиле научниците од Националната воена медицинска академија во градот Токорозава, а резултатите од студијата биле објавени во списанието „Трансфузија“.

Во случај на сериозни повреди, пациентот обилно крвари, а губењето на тромбоцити значи дека крвта не се згрутчува доволно брзо, додека губењето на црвените крвни клетки спречува кислородот да ги достигне органите од витално значење. Затоа, болниците треба да имаат големи резерви на различни видови на крв.

За да се реши овој проблем, научниците создадоа „крв“ во која тромбоцитите и црвените крвни клетки (еритроцити) се ставаат во микроскопски кеси во течност, т.н. липозоми. Таа крв, наводно, може да опстои на нормална температура повеќе од една година.

Тромбоцитите во крвта на донатори можат да се чуваат само четири дена и црвените крвни зрнца околу 20 дена, дури и при ниски температури.

Loading...

Засега не е целосно јасно како вештачката крв го надминува проблемот со специфичната крвна група на пациентот.

Крвната група се утврдува со протеини: антитела и антигени. Антителата се наоѓаат во крвната плазма и се составен дел на имунолошкиот систем, додека антигени се наоѓаат на површината на еритроцитите.

Можно е вештачката крв да не содржи ниту антитела, ниту антигени и затоа е „универзална“.

Leave a Reply