На регионалниот пат Скопје- Куманово, кај селото Арачиново, вчера околу 12:55 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген бора“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.В., и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.
Loading...
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото, М.В.,кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.