Мотоциклист повреден на патот Слупчане – Ваксинце

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат село Слупчане – село Ваксинце, кај место викано „Чешмиче“, општина Липково, вчера околу 15:30 часот, Х.Б.(58) од Прешево, Република Србија, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата Х.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply