Пингвин секоја година плива 8.000 километри за да го посети својот спасител (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот рибар, кој нашол пингвин во критична состојба, покриен со масло и затрупан во карпи, го искапел и го нахранил животното, очекувајќи дека кога ќе се опорави, ќе отиде во потрага по своето семејство, но пингвинот останал со него осум месеци.

Loading...

Потоа исчезнал, но од тогаш патува 8.000 километри секоја година за да го посети својот спасител.

Пингвинот го доби името Диндим и одби да го напушти својот нов пријател, кого го запознал во 2011 година. Останал со рибарот осум месеци, а потоа исчезнал.

Човекот кој го спасил и негувал беше тажен, но знаел дека мора да биде така, и не очекувал дека Диндим некогаш ќе се врати, пренесуваат медиумите.

Но, малиот пингвин се врати кај својот спасител и веќе пет години последователно го посетува редовно, и минува време со него.

Диндим доаѓа кога сака и си заминува исто така. Ова пријателство е неверојатно, а исто така ги остави и научниците изненадени кога Диндим преплива над 8.000 километри за да посети својот пријател.

Leave a Reply