Правилникот за училишни екскурзии наскоро ќе се менува, вакви се очекувањата на Секторот за образование при Општина Куманово, по поплаките на дел од родителите и учениците во Куманово, дека се фаворизира само една туристичка агенција која ги спроведува екскурзиите и со тоа прави монопол на пазарот.
Како што рече советникот Благојче Јаќимовиќ на деншната 32. седница на Советот на Општина Куманово, за последната дводневна екскурзија во училиштето „Крсте Мисирков“ од 15 анкетирани родители 8 дале негативна оценка за организацијата, а незадоволство пројавиле и самите ученици.
– Дојдовме до сознание дека на дводневна ексркузија, полн пансион и ручек чинат 2.700 денари за таа туристичка агенција и родителите од 15 испитаници 8 единица дале за одговор, 80 деца дале одговор дека не се задоволни од престојот и храната, поголем број родители се засегнати од овој проблем кој се случува последните 10 години, знам дека сте запознаени, но не можеме да дозволиме една туристичка агенција да хара низ Куманово, рече советникот Јакимовски.

Како што појасни раководителот на Секторот за образование, Жика Крстевски, проблемот е во правилникот кој го носи исклучиво министерот за образование, а во кој е наведено дека право да биде избрана има агенција која претходно организирала три училишни екскурзии, со што по автоматизам на останатите не им се дава за право, бидејќи не можат да реализираат ниту една.
– За жал и оваа година се работи за ист правилник и еве веќе се крена глас дека има поголеми примедби од Сојузот на агенции за оваа прашање да се земе во предвид и сериозно да се промени она што е како недостаток за реализација на овие екскурзии, вие го поставивте прашањето само за превозниците но има и други прашања кои треба да се преиспитаат, и јас очекувам дека ќе реагира Министерството и да ги стави во рамноправна позиција оние кои сакаат да бидат конкурентни за да можат да добијат некоја дестинација од овие екскурзии, рече Крстевски.
Како што беше потенцирано, се очекува ваквата регулатива да биде сменета за следнат аучебна година, со одлука на ресорниот минситер.