Членовите на Советот на Општина Куманово денеска ќе ја одржат 32та седница, на која според дневниот ред ќе му поставуваат прашања на градоначалникот Максим Димитриевски.
Седницата ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет, со почеток во 10:15 часот, а во директен пренос можете да ја следите на програмата на локалната Телевизија „Плус“.