Повеќе од 130 делфини починале по мистериозно масовно насукување во Кејп Верде.
Граѓаните и туристите, заедно со стручниот персонал, се обидоа да повлечат дел од 200 заробени делфини назад во вода, но многумина се вратија на плажа.
Набргу потоа, 26 китови беа заглавени на источниот брег на Соединетите држави, втор случај на масовно задушување на водните цицачи во областа од јули досега.
Волонтерска група за животна средина во поранешната португалска колонија зеде примероци од 50 делфини, додека четири беа замрзнати додека да пристигнат ветеринари од Шпанија да работат на случајот.
Експертите велат дека факторите што доведуваат до масовно насукување може да бидат болести, грешка во навигацијата, бегство од грабливци и голема плима.
Кога цицачите се заглавени на површината, sидовите на градите почнуваат да ги компресираат внатрешните органи затоа што веќе не се поддржани од тежината на водата.
Locals and tourists desperately try to save hundreds of dolphins washed up on a beach in the Cape Verde islands.
— On Demand News (@ODN) September 28, 2019
Scientists don't know why around 200 melon-headed dolphins beached themselves on Boa Vista island.#dolphins #CapeVerde #Africa pic.twitter.com/OxL6kwqHIT