Фејсбук почнува да крие лајкови под постовите, а бројот на реакции, погледи и лајкови ќе биде видлив само за авторот на објавата.
Тестирањето ќе започне прво во Австралија, а промените се однесуваат и на реклами.
– Почнавме да спроведуваме ограничен тест каде што лајковите, реакциите и видеата ќе бидат приватни низ целиот Фејсбук, соопшти социјалната мрежа.
Фејсбук потоа ќе се обиде да разбере, врз основа на собраните податоци, дали овие измени ќе ги подобрат искуствата на луѓето.
Социјалната мрежа навести во септември дека може да го стори тоа откако го испроба новиот пристап на Инстаграм.
Идејата која стои зад оваа промена е дека луѓето се ослободени од притисокот што собирањето на бројот на лајкови може да го предизвика.
Кога станува збор за Instagram, Facebok тестираше криење на лајкови во Австралија, Канада, Бразил, Нов Зеланд, Ирска, Италија и Јапонија.