Поради дефекти на водоводната мрежа во Куманово од утринава без вода се три локации.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи станува збор за улиците „11 Ноември“ и „Максим Горки“, како и населбата Јане Сандански.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.