Биле голи, боси и изгладнети кога ги пронашле: Украински родители децата ги оставиле со бездомници за да одморат малку (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младиот брачен пар од Украина, Божена (20) и Владимир (25) ги оставиле своите два сина со бездомници зошто се измориле од чувањето на децата.

Loading...

Андреј (3) и неговиот брат Максим (2) живееле недела дена со бездомните во валкан импровизиран камп во Запорожје и копале по ѓубриштата. Биле голи и валкани.

„Младата двојка дојде и праша дали може да им ги причуваме децата. Беа голи и боси. Родителите рекоа дека одат да купат продукти и дека ќе се вратат за 20 минути, а потоа заминаа и не се вратија“, рече бездомникот Сергеј (42).

Бездомницте наредните недела дена она малку храна што го имале ја делеле со децата и внимавале на нив, а потоа минувачката Олена Ташевска ги здоледала дечињата и повикала полиција.

„Се шокирав кога ги видов двете мали деца како лежат на валканите ќебиња. Беа голи и многу валкани“, вели таа.

Портпаролката на полицијата Дина Курникова вели дека децата изгледале како Могли од „Книга за џунглата“ и дека пиеле вода од Дњепар.

Постојано биле гладни и храна наоѓале во кантите за ѓубре долж брегот на реката.

Децата се одведени во болница, каде лекарите им констатирале настинка и неухранетост.

Loading...

„Децата се слаби и едвај одат. Знаат како се викаат и колку се стари. Не прашуваат за родителите“, изјави педијатарот Таиса Клименко од Детската болница.

Кога полицијата ја пронајде мајката и таткото, Божена Синичка (20) и Владимир Зајцев (25) изјавиле дека ги оставиле децата „зошто се измориле од чување“. Синичка и Зајцев живеат од собирање старо железо кое потоа го продаваат. Против нив е покрената кривична истрага поради неисполнување на родителските должности и им се заканува казна од 5 години затвор.

До донесувањето на пресудата Андреј и Максим ќе бидат сместени во дом за сирачиња.

Leave a Reply