Во понеделникот во својата соба во студентскиот кампус на Универзитетот Кентбери во Крајстчрч на Нов Зеланд студент е пронајден мртов.
Неверојатно во овој трагичен случај е што телото на мртвиот студент е пронајдено дури два месеци по смртта, пишува Гардијан.
Телото е пронајдено дури кога останатите студенти во ходникот почнале да чувстуваат чудна миризба и случајот го пријавиле во управата, а тие во полиција.
Тогаш во собата е пронајден труп, а истрагата утврдила дека момчето починало пред околу 2 месеци.
Локалните медиуми пишуваат дека таткото во повеќе наврати безуспешно му се јавувал на синот на мобилен, а потоа се обидел да стапи во контакт со него преку неговите пријатели.
Причината за смртта не е утврдена, а името на студентот не е објавено во медумите.
Гардијан пишува дека собата во која е пронајдено телото на студентот била на крајот од ходникот каде персоналот задолжен за чистење не одел, зошто ги чистел само главните делови на таа зграда од кампусот.
Наводно истражителите го пронашле трупот на момчето во многу лоша состојба.