До сега неопишан, нов вид крокодил, кој живее во Нова Гвинеја, каде што престојува друга крокодилска популација од другата страна на островот, тврдат истражувачите по обемната анализа.
Потврда дека крокодилите во двете живеалишта на островот, сепак припаѓаат на различни видови, дошле по истражувањето што го започнал починатиот научник Филип Хол, кој забележал клучни разлики помеѓу изгледот на нивните гнезда, но умрел пред да ја заврши својата работа.
Како изгледа кога вашата професија е да ги храните крокодилите (ВИДЕО)
Новиот крокодил беше прогласен crocodilus hall, во чест на Хал, кој беше истражувач на Универзитетот во Флорида.
Работата на Хал ја продолжи научникот Калеб Мекмахан од Теренскиот музеј во Чикаго, заедно со професорот Крис Мареј од Југоисточна Луизијана.
И животните имаат такви проблеми: Крокодил не можел да ја оплоди женката поради малиот пенис (ВИДЕО)
Истражувачите анализирале 51 череп на крокодили од Нова Гвинеја за да утврдат разлики, со дополнителни истражувања во една алигаторска зоолошка градина.
– Со комбинација на докази до кои дојдовме, споредувајќи ги елементите на морфологија, биогеографија, па дури и екологијата, навистина ја поддржува уникатноста на овој крокодил. Ние сме прилично убедени дека постои нов вид – рече Мекмахан.
Само сакал да го допре крокодилот, па останал без рака (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)
Инаку, членовите на сега веќе утврдениот нов вид крокодил биле премногу ловени поради својата кожа, особено во средината на 20 век, но тој никогаш не бил на списокот на загрозени видови.
Професорот Мекмахан смета дека меѓународните институции треба да ги преиспитаат нивните тековни ставови за заштита на овие крокодили, како и за трудовите за класификација, во светлината на нови информации.