Бугарската економистка Кристалина Георгиева е избрана да ја предводи една од водечките финансиски институции, Меѓународниот монетарен фонд – ММФ.
Извршниот одбор на ММФ ја избра Кристалина Георгиева, која е високо рангирана во Светската банка, за нов директор на институцијата.
Таа ќе ја замени Французинката Кристин Лагард, која поднесе оставка за да ја преземе должноста шеф на Европската централна банка – ЕЦБ.
Георгиева зазема водечка позиција во време кога глобалната економија се забавува, а двете најголеми економии, САД и Кина, се во трговска војна, пренесува Слободна Европа.
Европратениците го поддржаа неодамнешното назначување на Кристин Лагард за шеф на ЕЦБ.
Мислењето на Европскиот парламент има само советодавна улога, а конечната одлука за именувањето ја носи Европскиот совет.